Македонската компанија „Мултипром“ денеска ја започна изградбата на три нови производствени погони во економската зона „Ограѓа“, Општина Илинден. Со новата инвестиција на оваа компанија ќе се отворат од 100 до 150 нови работни места. Во објектите ќе се произведуваат прехранбени продукти, што е и основна дејност на „Мултипром“ како компанија што припаѓа на кондиторската индустрија. Трите производствени погони е предвидено да се простираат на површина од 2.000 метри квадратни, а ќе бидат завршени до 2018 година.
*Извор на фотографија: Општина Илинден
„Мултипром“ е компанија основана во 1991 година, а од 2005 година стопанисува во Општина Илинден. Таа е една од првите фирми што отворија нови објекти на територијата на оваа општина, информираат од локалната самоуправа од Илинден.