Детската градинка „Брешија“ од Дебар ќе добие нов објект со површина од околу 800 метри квадратни. Единствената воспитно-образовна установа од ваков тип во Дебар во иднина ќе располага со спортска сала и четири нови занимални. Општина Дебар ја ослободила градинката од плаќање комуналии, а локалните власти ќе учествуваат и во опремување на новиот објект. За изведба на објектот се обезбедени финансии во висина од 6.559.040 денари од самата градинка.
За изведувач на објектот е избрана фирмата „Бокоп“ од струшкото село Боровец. Градежните работи е предвидено да се реализираат во рок од четири месеци, при што новиот објект би требало да се изведе до крајот на јануари 2018 година. Со изградбата на овој објект ќе се заменат досегашните стари монтажни бараки во кои функционираше единствената детска градинка во Дебар. Самиот објект е дониран од италијанскиот град Бреша по дебарскиот земјотрес од пред четири и пол децении