На лицитација ќе одат над 18.000 метри квадратни државно градежно земјиште во Штип. Министерството за транспорт и врски распиша оглас за вкупно девет парцели распоредени на три локации во градот. Тие се опфатени со Деталните урбанистички планови „Индустриска зона север“ (2 парцели), „Населба Балканска“ (3 парцели), „Населба Баби 5“ (4 парцели) и се предвидени за изградба на деловни објекти. Површината на парцелите се движи помеѓу 1.241 и 3.780 метри квадратни, додека почетната цена за сите изнесува 2.800 денари по квадрат. Пријавите за учество можат да се достават најдоцна до 10.12.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 16.12.2010. Депозитот е утврден на 10% од почетната цена.