Претходна статија
„Чагатај Кабло“ гради нова фабрика во ТИРЗ Скопје
Следна статија
Државата собира многу данок, а малку вложува во заштита на животната средина

Перформативно-истражувачкиот проект „Кога зградите би зборувале“ викендов во рамки на МОТ

Објавено на 28.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Во рамките на 42-то издание на Млад отворен театар (МОТ), викендов во Железничката зграда Скопје ќе се одржи перформативно-истражувачкиот проект „Кога зградите би зборувале“. На 30 септември во киното на Железничката зграда е предвидено да се одржи дискусија распределена во два дела. Истражувачко-перформативното дело е закажано за 1 октомври, со почеток од 12 часот. „Кога зградите би зборувале е колаборативен проект кој ги разоткрива деликатните, скриени траги од бришењето на колективната меморија на локалната историја, сето тоа прикажувајќи го преку конкретни примери на урбани простори (комплекс на згради и нивното опкружување) кои се/биле значајни обележја во одреден град или област“ се наведува во краткиот опис на проектот.

 

Автор на проектот е Филип Јовановски, додека негова кураторка е Ивана Васева. Истражувач и ко-автор на сценарио е Дејан Ивановски. Настанот е во организација на ФРУ – Факултет за работи што не се учат. Проектот е поддржан од Balkan Arts and Culture Fund, спроведуван од Швајцарската влада преку Швајцарската агенција за развој и соработка и Европската културна фондација.