Општина Тетово го започна поставувањето на 225 столбови за улично осветлување низ неколку улици во градот. Проектот има за цел да го модернизира уличното осветлување во градот и да ја намали потрошувачката на електрична енергија. Инвестицијата е во вредност од 18,5 милиони денари, а 40% од вкупните средства се обезбедени од словенечката влада.
Проектот се наоѓа во завршна фаза од реализација, а поставените столбови наскоро ќе профункционираат со нови енергетско ефикасни светилки.