Претходна статија
Државата ќе инвестира во водовод и канализација во руралните средини
Следна статија
Во населбата Гоце Делчев ќе се гради фекална канализација

Предавање на професорот Јацек Пурхла за културното наследство во Музејот на современа уметност

Објавено на 26.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Полскиот универзитетски професор Јацек Пурхла денеска ќе одржи предавање на тема „Културното наследство и неговиот развој – Полско искуство“ во Музејот на современа уметност во Скопје. „Полска и Централна Европа имаат единствено искуство кое доаѓа не само од начинот на стекнување на независноста и модерноста за време на 19-тиот век, трагедијата на Централна Европа во 20-тиот век и лекцијата од комунизмот, но исто така и од наглата промена што се случила по 1989 година, брзината и комплексноста на она што сега вообичаено го нарекуваат популарно „трансформација“, се наведува во сижето на вечерашното предавање.

 

 

Проф.д-р Јацек Пурхла е директор на Меѓународниот културен центар во Краков, професор по општествени науки и член на Полската академија на науките и уметностите. Тој е шеф на Одделот за економска и социјална историја и е претседател при УНЕСКО за културно наследство и урбани студии при Економскиот универзитет во Краков, како и директор на Центарот за европско културно наследство при Институтот за европски студии на Јагелонскиот Универзитет во Краков. Автор е на повеќе од 400 академски трудови, вклучувајќи и неколку книги. Од 2015 година тој е претседател на Полската национална комисија при УНЕСКО. Професорот Јацек Пурхла во 2016 година бил избран за претседател на Комитетот за светското културно наследство при УНЕСКО.