Претходна статија
За две години треба да заврши изградбата на битолскиот стадион
Следна статија
ФЕЉТОН: Постземјотресната обнова на Скопје - вовед во еден подзаборавен дискурс (1)

Уредувањето на коритото на Липковска река ќе заврши до крајот на годинава

Објавено на 23.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Екипите на градежната фирма „Стентон градба“ од Битола во моментов го изведуваат уредувањето на речното корито на Липковска река во Куманово. Проектот е поделен на три фази, а во моментов се реализира првата етапа со должина од 178 метри. Коритото на реката ќе биде изработено од кршен камен, додека дното ќе се состои од бетонска плоча. За втората етапа од проектот веќе е избран изведувач од страна на УНДП, којашто се јавува во својство на раководител на проектот. Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски информира дека целиот проект би требало да заврши до крајот на 2017 година.

 

 

Проектот за уредување на речното корито на Липковска река вклучува нејзино регулирање во должина од 1.800 метри, вклучувајќи ја изградбата и на два пешачки моста. Вредноста на проектот е 1.060.000 евра, од кои 65% се донација на јапонската влада. Со реализацијата на овој проект во целост ќе се реши проблемот со поплави во градот, но и ќе се отвори можност за целосно уредување на Градскиот парк во Куманово и превенирање од досегашната пракса за депонирање отпад крај оваа река. Изведбата на градежните работи на овој проект започна кон средината на јули годинава.