Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион инвестира околу 6,1 милион денари во реконструкцијата на градскиот пазар во Демир Хисар. Со зафатот се предвидува замена на постојните тезги, оградната и покривната конструкција на главната плоштадка, влезните порти на пазарот, електричната инсталација и санитарниот јазол. Проектот се реализира по речиси 40 години од изградбата на градскиот пазар во Демир Хисар. Градежните работи треба да се завршат до крајот на октомври годинава.
*Извор на фотографија: Општина Демир Хисар
Проектот се реализира во соработка помеѓу Општина Демир Хисар и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, а реконструкцијата ја изведува охридската фирма „Бифора Инженеринг“.