Англиската компанија „ПРГ Англија“ ја отвори новата фабрика за обработка на реткиот метал тантал во гостиварското село Балин Дол. На свеченоста присуствуваа гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, англискиот принц Мајкл од Кент и извршниот директор на „Пауер Рисорсис“ Рајмонд Пауер. Инвестицијата е во висина од 15 милиони долари. Производството на реткиот метал ќе биде сертификувано, а инвеститорот вели дека постојат само 29 сертификувани фабрики за овој метал во светот. Во индустрискиот капацитет веќе се вработени околу 50 лица.
*Извор на фотографија: Општина Гостивар
Покрај реализираната инвестиција, англиската фирма најавува дополнителни вложувања од над 15 милиони евра за изградба на нова фабрика во гостиварското село Чегране. „Пред извесно време, завршивме со внатрешните дозволи, за да ја започнеме сега и втората инвестиција, која се надеваме дека ќе започне во текот на оваа година“ изјави директорот Рајмонд Пауер.