Претходна статија
РЕПОРТАЖА: Тбилиси - приказна за тоа како метрото не е решение за јавниот превоз
Следна статија
Во четврток протест за зачувување на зеленилото и чистиот воздух во Скопје

Досега се завршени 75% од работите на автопатот Миладиновци – Штип

Објавено на 18.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Изградбата на автопатот Миладиновци – Штип ќе финишира до октомври 2018 година. Досега се завршени 75% од изведбените работи на делницата со должина од 47 километри. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изврши увид во градежните работи на овој автопат. Тој побара од пратениците во Собранието да ги стават на дневен ред законските измени, со кои ќе му се овозможи на кинескиот изведувач „Синохидро“ да ја продолжи реализацијата на проектот за една година и четири месеци. Првичниот рок за завршување на овој автопат беше мај 2017 година.

 

 

Покрај усвојувањето на анексот на потпишаниот договор со кинескиот изведувач, од надлежното министерство велат дека други застои во изградбата има поради проблеми со експропријацијата на земјиштето. При денешниот увид во градежните работи беше посочено дека продолжениот рок за изградба на овој автопат нема да донесе одлевање на дополнителни средства од државниот буџет. На терен во моментов работат околу 600 градежни работници од ангажираните фирми.

 

Автопатот Миладиновци – Штип започна да се гради во февруари 2014 година. На трасата има седум клучки, пет подпатници, армирано бетонски мост и пет вијадукти.

 

 

» Форумска дискусија за автопатот Миладиновци – Штип