Претходна статија
Започна изградбата на нова градинка во Бардовци
Следна статија
Бројот на патници во авиосообраќајот годинава зголемен за 10,5%

Пуштен во употреба новиот водоснабдителен систем во Тетово

Објавено на 14.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Дополнителни 200 литри во секунда во водоснабдителниот систем и трајно решавање на проблемот со недостиг на вода во Тетово. Заврши реализацијата на 4,2 милиони евра вредниот проект за изградба на нов водоснабдителен систем во Тетово. Градоначалничката Теута Арифи денеска симболично ја пушти во употребата новата филтер станица, преку која во наредните денови ќе се активира максималниот капацитет на водоснабдителниот систем. Арифи нагласи дека со овој проект се решава најголемиот проблем на Тетово, којшто влече корени веќе две децении наназад.

 

 

Со проектот се изградени над девет километри водоводен цевковод во вредност од 2,2 милиони евра. Филтер станицата чинела околу 2 милиони евра. Од севкупната инвестиција, Општина Тетово учествувала со околу 800.000 евра, Европската банка за обнова и развој со 1,2 милиони евра, додека останатите средства биле обезбедени од државниот буџет. Градежните работи ги изведуваше тетовската фирма „НБ Компани“.