Градежната компанија „Бетон“ од Скопје во периодот јануари – јуни 2017 година остварила позитивен финансиски резултат од 31.690.226 денари. Според податоците објавени на веб – страницата на Македонска берза, вкупните приходи заклучно со јуни 2017 година изнесувале 843.530.681 денари, при што најголемо учество имале приходите остварени од изградбата на градежни објекти на домашниот пазар. Остварените консолидирани вкупни приходи изнесувале 876.488.084 денари. Остварените вкупни расходи на скопски „Бетон“ се заокружени на 811.840.455 денари.
„Бетон“ од Скопје во првите шест месеци од 2017 година инвестирал 115.592.926 денари во основни средства. Вкупните обврски по краткорочни кредити изнесувале 563.491.337 денари, додека обврските по долгорочни кредити достигнале до сумата од 187.815.376 денари. Во периодот јануари – јуни 2017 година се остварени 79 нови вработувања.