Претходна статија
Ќе се пробива улицата „Васко Карангелески“ кон булеварот „Трета Македонска бригада“
Следна статија
Скопски „Бетон“ со добивка од 31,6 милиони првата половина од годината

Кулуминира револтот против изгласувањето нов ДУП за Карпош 3

Објавено на 31.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Социјалдемократите денеска повторно го повикаа градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски да го сопре донесувањето на нов урбанистички план за скопската населба Карпош 3. „Го повикуваме партнерот на Никола Груевски, гласноговорникот негов, Стевчо Јакимовски да ја прекине јавната расправа за изменување и дополнување на ДУП-от за Карпош 3 се до завршувањето на локалните избори. Засегнатите жители од Карпош 3 ги повикуваме своите анкетни листови да ги достават во просториите на општинската зграда“ изјави Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош.

 

Граѓаните од оваа скопска населба денеска одржаа тензична јавна расправа со вработените од општина Карпош. Граѓаните се револтирани од можноста да се изградат десетина нови згради на јавните површини во оваа населба. На потегот околу трговскиот центар Лептокарија во изминативе неколку години се изградија три станбени згради, а неколку парцели се продадоа и за изградба на здравствени објекти кај Градската болница. Жителите се револтирани од можноста да ги снајде истата судбина како во случајот со населбата Тафталиџе, каде што во моментов се градат десетици станбени згради.

 

И додека жителите на Карпош 3 бараат мораториум за натамошната изградба на нови објекти, од општинската администрација тврдат дека единствена вцртана новина во ДУП-от бил новиот паркинг за општинската зграда. Општинарите ги повикаа граѓаните да ги достават своите забелешки на јавната анкета што трае до 4 септември. Градоначалникот Стевчо Јакимовски пред два дена изјави дека Деталниот урбанистички план за Карпош 3 бил донесен во 1998 година, вклучувајќи ги и сите вцртани објекти што не се изградени до денешен ден.

 

 

*Новите измени и дополнувања на ДУП-от за Карпош 3 предложени од Општина Карпош

 

Граѓаните од населбата Карпош 3 веќе во неколку наврати протестираа поради честите измени во урбанистичката документација. За време на празниците, Општина Карпош на 5 јануари 2016 година ги донесе ДУП-овите за населбите Карпош 3 и Тафталиџе 1. Жителите од овие населби организираа протести и петиции, но не успеаја да ја премислат општината од менувањето на урбанистичките планови.