Претходна статија
Државата се натпреварува со времето за довршување на пругата Битола - Кременица
Следна статија
За 50% ќе се намалат сите цени на услугите што ги нуди Катастарот

Пет игралишта во Центар адаптирани за децата со посебни потреби

Објавено на 25.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Нови адаптирани лизгалки, клацкалки и реквизити за вежбање ќе бидат поставени на пет постоечки детски игралишта на територијата на општина Центар. „Адаптирањето подразбира оформување на простор со реквизити кои би биле достапни и за децата со инвалидитет, што ќе им овозможи безбедно да си играат, да се социјализираат и ќе им се овозможи поттикнувачка средина за правилен раст и развој“ информираат од општина Центар. Реализацијата на овој проект е на Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“ и Општина Центар.

 

*Извор на фотографија: Општина Центар

 

Надлежното министерство ги обезбедило реквизитите, додека локалната самоуправа го обезбедила просторот. Адаптираните игралишта во согласност со европските критериуми ќе бидат достапни за децата со попреченост. Едно вакво игралиште кај централниот парк во Капиштец веќе е адаптирано, а слични реквизити ќе се постават и на игралиштата во Градски Ѕид – Агромеханика, Градскиот Ѕид – Автомакедонија, Градски Ѕид – Зелен Пазар и Капиштец – Зебра.