Општина Неготино ја поништи тендерската постапка за избор на фирма која што ќе го уредува паркот „Спомен костурница“ во градот, бидејќи не била доставена ниту една прифатлива понуда. Овој проект беше предложен од локалната самоуправа уште пред две години, и тоа преку Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа.
Спомен сеќавањето за Народно-ослободителната борба требаше да се доближи до граѓаните со предложениот проект. Предвидени се содржини за одмор и релаксација, поставување на урбана опрема, детско игралиште со куќичка, мост, рампа, лостови, како и фонтана, игралишта за одбојка, кошарка и шах. Бирото за рамномерен развој го одобри ваквиот проект пред повеќе од една година.