Претходна статија
Жичарницата ќе му припадне на ЈСП
Следна статија
Половина милион евра за реновирање на театарот во Гевгелија

Продадена парцела за хотел под „Кале“

Објавено на 12.11.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУП Централно зеленило покрај река Вардар - Парк 2На денешното јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски, за цена од 34.324.250 денари, односно 2.510 денари по метар квадратен, беше продадено државно градежно земјиште во општина Центар наменето за изградба на хотел. Парцелата со големина од 13.675 метри квадратни е вцртана во Деталниот урбанистички план „Централно зеленило покрај Вардар – Парк 2“ и се наоѓа на левиот брег на Вардар, непосредно под американската амбасада. Со планот е предвидена површина за градење од 4.745 метри квадратни, и објект со приземје и три ката, односно висина од 14,5 метри до венец. До Министерството пристигнаа вкупно 3 пријави за учество на јавното наддавање, а најповолната понуда ја имаше компанијата „Воденица Оне“.