Претходна статија
И во јуни растела бројката на предвидени станови за градење
Следна статија
ТЕМА: Пропаѓаат донираните објекти за Скопје по земјотресот од 1963 година

Град Скопје ќе работи на проект за реконструкција на улицата „Февруарски Поход“

Објавено на 14.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопските власти планираат да ја реконструираат улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче. Градот денеска  објави оглас за изработка на проект за реконструкција на оваа скопска улица на потегот од булевар „Видое Смилевски-Бато“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“.

 

Улицата „Февруарски Поход“ не е реконструирана уште од нејзината изградба од пред повеќе од три децении. Оваа сообраќајница во минатото беше граница на урбанизираниот дел од Општина Аеродром со населбата Лисиче, но нејзиното значење од пред неколку години е зголемено со изградбата на нови станбени објекти во Лисиче. Градските власти во изминатиов период веќе го санираа коловозот на булеварот „АСНОМ“, додека улиците „Тодор Чангов 20“ и „Ѓорѓи Капчев 9“ во моментов се реконструираат од страна на општинските власти.