Претходна статија
Македонија трета година по ред нема изградено нов енергетски капацитет!
Следна статија
Парк на бранителите ќе се гради пред Градскиот базен во Куманово

АД „Карпош“ со добивка од 17,3 милиони денари во првото полугодие

Објавено на 11.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Намалена е финансиската добивка на АД „Карпош“ од Скопје во првото полугодие од 2017 година. Компанијата остварила профит од 17,3 милиони денари, што е за 32% помалку во однос на истиот период лани. Оперативната добивка во периодот јануари-јуни 2016 година била намалена за 20% и изнесувала 26.639.000 денари. Главната причина за опаѓањето на добивката е намалувањето на приходите од продажбата. Залихите на готови производи и производство во тек се значително зголемени и ја достигнуваат сумата од 97.128.000 денари.

 

Од АД „Карпош“ даваат појаснување за неревидираниот и неконсолидиран извештај за првите шест месеци од работењето. „Зголемувањето на залихата на тековната во однос на претходната година не се однесува на залиха од планско производство туку од недовршено производство – или производство во тек од станбен комплекс Александрија – проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош од Скопје, која се јавува и како инвеститор и како изведувач во проектот“ се наведува во образложението.