Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ја избра кавадаречката фирма „Градба промет“ за довршување на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци. Со третата фаза од реализацијата на овој проект е предвидено да се уреди последниот дел од кејот со должина од 355 метри. Заедно со уредувањето на кејот, изведувачот на работите во наредните четири месеци ќе треба да изгради два пешачки моста, да постави урбана опрема и јавно осветлување долж целиот потег. За реализација на градежните работи се издвоени средства во износ од 9.345.848 денари.
Уредувањето на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци се изведува речиси една деценија наназад. Најголем дел од градежните работи се завршија во 2010 година. Со првите две фази од проектот беше уредено коритото на оваа река во должина од над три километри.
» Форумска дискусија за овој проект