Претходна статија
Започна реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во Бутел
Следна статија
Пропустите на претходната влада за автопатот Миладиновци - Штип ќе чинат 20 милиони евра

Во 12 општини ќе се работи на документација за водовод, канализација и регулација на речни корита

Објавено на 27.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку и градоначалниците на 12 општини од земјава денеска потпишаа договори за доделување на финансиски средства за изработка на техничка документација за изградба на водоводна и канализациона мрежа и за регулација на речните корита. Со Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година се опфатени следниве општини: Струмица, Куманово, Ранковце, Крива Паланка, Пласница, Липково, Брвеница, Гостивар, Василево, Дебар, Теарце и Желино. Со подготовката на проектната документација ќе се отвори патот за создавање на сите услови за реализација на планираните зафати во наредниот период.

 

 

„Во оваа област се предвидени вкупно 43 милиони денари и истите се доделени на 12 општини, за 14 проекти. Со тоа Министерството за животна средина и просторно планирање настојува и финансиски да ги помогне локалните самоуправи во делот на управување со водите“ истакна министерот Дураку.