Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го означи почетокот на градежните работи за реконструкција на дел од булеварот „Васко Карангелески“ во населбата Аеродром. Станува збор за делот од крстосницата со булевар „Јане Сандански“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“ кај хотелот „Русија“, во должина од 600 метри. „Со реконструкцијата на овој булевар, кој во моментов е во катастрофална состојба, значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот и се надевам дека градежните работи ќе завршат во текот на месец септември“ изјави Трајановски.
Градот Скопје за реализацијата на овој проект ќе вложи 7,8 милиони денари. Изведувач на градежните работи е фирмата „Пелагонија“ од Гостивар.