Претходна статија
Започна реконструкцијата на улицата „Втора македонска бригада“
Следна статија
Ќе се реконструираат две улици во населбата Лисиче

Втора фаза од реконструкцијата на улицата Сарај

Објавено на 22.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градот Скопје денеска започна со градежни работи на втората фаза од реконструкцијата на главната сообраќајница во Сарај. Улицата ќе се санира во должина од околу 1.200 метри, на потегот од патот што води кон селото Љубин до крстосницата со локалниот пат кон селото Глумово и клучката кон Тетово. Со проектот е опфатена санација на коловозот и на тротоарите.

 

Втората фаза од реконструкцијата на улицата Сарај ќе се одвива во период од 140 дена и ќе ја изведува градежната фирма „Ескаватори МК“. Од градскиот буџет за овој проект се обезбедени 9,5 милиони денари.