Претходна статија
Наесен ќе биде готов Спомен паркот во Свиланово
Следна статија
Македонија доби грант од 70 милиони евра за пругата кон Бугарија

Рекорден број на автомобили во земјава, загадувањето на воздухот расте

Објавено на 13.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во 2016 година е забележан апсолутен рекорд на бројката на автомобили регистрирани во нашата земја. Стапката на моторизација се искачила на 190,6 патнички возила на илјада жители, што е за 2,8% повеќе во споредба со претходната година. Државниот завод за статистика во годишниот извештај „Одржлив развој 2017“ посочува дека користењето на автомобили од македонските граѓани континуирано расте. Лани е достигнат рекорд во однос на изминавата деценија и пол. Паралелно со растот на моторизираноста на жителите, се намалува користењето на јавниот превоз.

 

 

Транспортот со автомобили во континуитет се зголемува низ годините, за да доживее најголем удел во структурата на патничкиот сообраќај токму во 2016 година. Користењето на автобуси за патување се намалува, а се чини дека најголем губитник од ваквиот развој е железничкиот сообраќај. Автомобилите лани учествувале со речиси 80% од вкупниот патнички копнен сообраќај пресметан во изминати километри. Зголемената употреба на автомобилите, кои најчесто се увезуваат на старо од поразвиените земји, е главен причинител за зголемување на загадувањето на животната средина, а особено на воздухот во македонските градови.

 

„Зголемената побарувачка за автомобили директно влијае врз структурата на патничкиот копнен сообраќај, негативно се одразува врз животната средина и здравјето, особено што со голем број возила се превезуваат мал број патници. Наспроти доминацијата на автомобилскиот превоз, превозот на патници со автобус бележи опаѓање за 2.0%, а со железница, превозот е преполовен (0,9%)“ се наведува во извештајот на Државниот завод за статистика.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk