Претходна статија
Рекорден број на автомобили во земјава, загадувањето на воздухот расте
Следна статија
„Чакар-партнерс“ ќе работи на проект за реконструкција на автопатот Катланово - Петровец

Македонија доби грант од 70 милиони евра за пругата кон Бугарија

Објавено на 13.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Новата влада, за недоградената пруга Бељаковце – Крива Паланка доби неповратни средства во висина од 70 милиони евра. Македонија е најголемиот добитник од Самитот во Трст, на кој се распределија вкупно 194 милиони евра за земјите од Западен Балкан. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска изјави дека Европската Унија го препознала реформскиот курс на новата влада. Во изминатиов месец и пол се остварени контакти за одмрзнување и на финансиските средства за инфраструктурните проекти. Тој потсети дека во изминативе 2-3 години беа блокирани сите грантови и кредити за кои како земја сме аплицирале.

 

 

Кочо Анѓушев информираше дека ќе се бараат дополнителни средства од Европската банка за обнова и развој за довршување на пругата Бељаковце – Крива Паланка во должина од 35 километри. За реализација на втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија ќе бидат неопходни 152 милиони евра. Македонски железници – Инфраструктура заедно со Градежниот факултет од Скопје во моментов работат на ревизија на основниот проект за трасата од Бељаковце до Крива Паланка. Основниот проект е веќе изработен од германската консултантска куќа „Обермаер“. Со комплетирањето на проектната документација ќе бидат создадени сите предуслови за изградба на пругата.

 

Претходната влада на Никола Груевски ја започна изградбата на пругата кон Бугарија, но никогаш не ја заврши. Изградбата на делницата од Куманово до Бељаковце започна во март 2014 година, а тогашната влада вети дека проектот ќе заврши најдоцна до 2016 година. И покрај ваквото ветување, пругата со должина од 30,8 километри е далеку од било какво пуштање во употреба. Трасата од Бељаковце до Крива Паланка беше доведена до фаза на објавување на тендер, но Европската унија ги замрзна сите средства за Коридорот 8 за претходната влада во текот на 2016 година.

 

 

» Форумска дискусија за железничкиот Коридор 8

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk