Горно Слатинската пештера во Општина Македонски Брод ќе биде ставена во функција на развој на спелеолошкиот туризам. Локалните власти го потпишаа договорот за уредување на овој споменик на културата. Скопската фирма „Унига Стил Тања“ е избрана за изведувач на работите, кои ќе се одвиваат во текот на овој месец. Од локалниот буџет на Македонски Брод се издвоени 2.360.000 денари за реализација на планираниот проект. Тендерот за уредување на Горно Слатинската пештера беше објавен минатиот месец.
Горно Слатинската пештера е најдолгата пештера на територијата на нашата земја. Строго заштитената зона е составена од пет пештери, за кои се очекува да пројават интерес домашни и странски туристи по нивното целосно уредување и ставање во функција за посетителите.