Претходна статија
Град Скопје со 5 милиони евра ќе го „опаметува“ уличното осветлување
Следна статија
Референдуми за „Казандол“ во Дојран на 23 јули, во Валандово на 20 август

Завршна изложба на 26. Меѓународна летна школа по архитектура во Крива Паланка

Објавено на 08.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со завршната изложба во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, денеска беше затворена 26-тата по ред Меѓународна летна школа по архитектура. Тема на овогодинешното издание беше „Чувство за дом“, во чии рамки беше организирана работилница со словенечкиот професор Алеш Водопивец од Универзитетот во Љубљана. Во рамките на годинешнава летна школа учествуваа вкупно 30 студенти по архитектура. Овој традиционален настан се одржува во организација на Архитектонскиот факултет при УКИМ.