Претходна статија
Во Арачиново ќе се гради нова општинска зграда
Следна статија
Комората на овластени архитекти и инженери бара измени во Законот за градење

СДСМ ќе проверува како одделни објекти станувале дел од „Скопје 2014“

Објавено на 06.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По укинувањето на членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање од страна на Уставниот суд, СДСМ покрена иницијатива за проверка на сите објекти кои влегле во групата на проекти од „посебен интерес“ при владеењето на претходната влада. „Постои сомнеж дека голем број од проектите се противуставни и ќе се бара од институциите да преземат соодветни мерки“ вели Саша Богдановиќ, претседател на СДСМ – Центар. Тој напомена дека се спасени од „барокизација“ објектите на Градскиот трговски центар, Македонската опера и балет и Народно-универзитетската библиотека.

 

* Еден од протестите на иницијативата „Го сакам ГТЦ“; Фото: Архива на „Билд“

 

Од владејачката партија со денешната прес-конференција ставија до знаење дека воопшто не планираат да продолжат со менувањето на фасадите на препознатливи објекти од центарот на Скопје. Саша Богдановиќ посочи дека запрела барокната инвазија на општина Центар. „Општинската организација на СДСМ Центар беше директно вклучена во битката за спас на овие објекти од насилничкиот проект „Скопје 2014“, заедно со граѓанските движења, невладините организации, здруженијата на архитектите и се разбира, Советот на општина Центар за одлуката за Референдумот во Општина Центар во 2015 година“ изјави Богдановиќ.