Општина Арачиново со средства од европските ИПА фондови ќе гради нова општинска зграда. Постојниот административен објект се наоѓа во лоша состојба и веќе подолг временски период се јавува потреба за реализација на еден ваков проект. Во дневните весници денеска беше објавен повикот до градежните компании за доставување на понуди за изведба на административниот објект. Локалните власти ги очекуваат понудите од заинтересираните субјекти најдоцна до 7 август.
За изградба на новата општинска зграда во Арачиново веќе е изработена проектна документација. Финансиската конструкција за проектот е обезбедена преку грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општинските услуги.