Претходна статија
РЕПОРТАЖА: „Роденденската торта“ на Сталин - симбол на тоталитарната архитектура во Рига
Следна статија
ГТЦ, МОБ и НУБ дефинитивно се спасија од „барокизација“

Град Скопје со образложение за доцнењето на изградбата на булеварот Х.Т. Карпош

Објавено на 05.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Бутел е прв новопроектиран булевар што се реализира во Скопје по подолг период. Вакво е образложението на скопскиот градоначалник Коце Трајановски за неколкумесечното доцнење на изведбата на првата фаза од оваа значајна сообраќајница. Градежните работи на овој проект требаше да бидат готови до јануари годинава, но Градот Скопје дури денеска го започна асфалтирањето на дел од трасата со должина од 1.000 метри. Од Градот Скопје сметаат дека проектот тече според предвидената динамика и очекуваат проектот да се заврши во текот на оваа година.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

„Новопроектираниот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе биде од исклучителна важност за општините Бутел и Чаир и сите оние што гравитираат во овој дел од градот, особено по неговата целосна изградба во втората фаза, со која ќе го продолжиме пробивањето на булеварот и ќе го поврземе со обиколницата. Со неговата реализација ќе се добие нова сообраќајна алтернатива за улицата „Бутелска“, која што во моментов е единствената сообраќајница која поминува низ Бутел“ вели градоначалникот Трајановски.

 

Новиот дел од булеварот се гради на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“. Булеварот е со планирана ширина од 40 метри, со шест сообраќајни ленти и со велосипедски патеки од двете страни на булеварот со ширина од 2,5 метри. Долж булеварот се предвидени пешачки патеки со променлива ширина и средишно зеленило. Идното улично осветлување вклучува поставување на 76 улични столба. Изведбата на овој проект започна на почетокот од декември 2015 година.