Претходна статија
Општина Центар реконструира две градинки и го доградува ОУ „Гоце Делчев“
Следна статија
Новиот Клинички центар да се гради на нова локација во Скопје

Се решава проблемот со атмосферска канализација во населбата Керамидница

Објавено на 03.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска извршија увид во градежните работи на новата атмосферска канализација што се гради по дел од улицата број 513 во населбата Керамидница. „Денеска присуствуваме на почетокот на изградбата на атмосферска канализација од Дојрана до реката Вардар и од поранешен Пелистер до реката Вардар. Оваа атмосферска канализација се прави затоа што имаме две црни точки или две критични точки што се јавуваат при обилни дождови, односно едната е кај Дојрана, а другата е на булеварот Александар Македонски меѓу Континентал и семафорите кај Автокоманда“ изјави градоначалникот Коце Трајановски.

 

 

Изградбата на атмосферскиот колектор ќе го реши проблемот со атмосферските води во населбата Керамидница. Должината на зафатот е 550 метри, а рокот за негова изградба е 60 дена. Во проектот се вложени 25 милиони денари. Негов инвеститор е јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Градежните работи на терен ги изведува фирмата „Бауер БГ“.