Претходна статија
Завршна конференција „Правата на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“
Следна статија
Охрид SOS ќе учествува на 41. Седница на УНЕСКО во Краков

За заштита на воздухот лани вложени половина од цената на „Панорамското тркало“

Објавено на 30.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Република Македонија во текот на минатата година одвоила над 5,3 милијарди денари, односно околу 86,9 милиони евра, во заштита на животната средина. Од овие средства распределени по сите општини, најмногу средства биле насочени кон управување со отпадните води – над 3,1 милијарда денари. Вложувањето во постапувањето со отпад во 2016 година покрило инвестиции од над 873 милиони денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во борбата со еден од најгорливите проблеми во земјава – загадувањето на воздухот се инвестирале 530 милиони денари, што е помалку од половина од вкупната цена на „Панорамското тркало“ што се гради во центарот на Скопје.

 

Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 54,7%. Преостанатите средства од над 4,4 милијарди денари биле насочени кон одржување на средствата за животна средина. Севкупно земено, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2016 година изнесувале 9.778.945.000 денари. „Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 6.378.657.000 денари, односно 65,2%“ се наведува во објавениот годишен извештај на Државниот завод за статистика.