Претходна статија
Ќе почекаме за реконструкција на Кејот „13 Ноември“ во Скопје
Следна статија
Заврши изградбата на новиот парк во Козле

Утре јавна дискусија во „Кино Култура“: Што треба да се прави со „Скопје 2014?“

Објавено на 29.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Невладината организација „Плоштад Слобода“ утре ќе ја организира втората по ред јавна дискусија на тема „Што треба да се прави со Скопје 2014?“. Како учесници во дискусијата се најавени министерот за култура Роберт Алаѓозовски, Донка Барџиева Трајковска од „Центарот за културно наследство“ и Сања Раѓеновиќ, архитектка и поранешна претседателка на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. На настанот ќе се разговара за можните пристапи кон решавањето на проблемот „Скопје 2014“, кој е најскапата и најголема државна инвестиција во псевдо-културата.

 

 

Јавната дискусија ќе се одржи со почеток од 13 часот во просториите на „Кино Култура“, лоцирано на улица „Македонија“. На организираниот настан со свои прашања и мислења ќе можат да се вклучат и присутните на дискусијата. Одржувањето на настанот е потпомогнато од германската фондација „Хајнрих Бол“. Утрешната дискусија во организација на „Плоштад Слобода“ е втор ваков настан организиран во Скопје, по минатогодишната дебата во која се вклучија професорите Мирослав Грчев и Ана Ивановска Дескова од Архитектонскиот факултет при УКИМ.