Претходна статија
Барањата за референдум од валандовски Казандол се префрлаат во струмичка Иловица
Следна статија
Ќе се прави ревизија на договорот за изградба на Клиничкиот центар во Скопје

Инвеститорот на хотелот во Лагадин вели дека постапува легално

Објавено на 27.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Никола Толевски, инвеститор во новиот хотел што се гради во охридски Лагадин, ги отфрла обвиненијата на граѓанската иницијатива „Охрид SOS“. Тој тврди дека продолжувањето на градежните работи е легално, поаѓајќи од фактот дека второстепената владина комисија позитивно одговорила на неговата жалба во однос на издаденото решение од општина Охрид, пренесува порталот ohridnews.com. „Таа жалбена постапка траеше два месеци, по што добив одговор каде решението на градоначалникот на општина Охрид за поништување на решението за градба се поништува, а со поништување, одобрението за градба станува правосилно“ вели инвеститорот Толевски.

 

* Извор на фотографија: Охрид SOS

 

Инвеститорот на хотелот во Лагадин посочува дека не гради објект од поголем габарит, туку хотел од мал обем со осум апартмани и 10 соби. Општина Охрид веќе потврди дека второстепената владина комисија при Министерството за транспорт и врски ја уважила жалбата на инвеститорот и го вратила предметот на повторно одлучување кај локалната самоуправа. Општината треба наскоро да донесе соодветна одлука, по што ќе се знае дали ќе продолжи или не изградбата на хотелското здание во Лагадин.

 

Од граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ тврдат дека инвеститорот повторно го гради објектот без издаденото одобрение за градење, откако истото било претходно поништено од страна на Општина Охрид на 15 март годинава. Од оваа иницијатива пред десетина дена побараа да се сопре изградбата на објектот и да се издаде одобрение за отстранување на изградениот објект во Лагадин.