Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Доцни изградбата на булеварот Х.Т. Карпош кон скопската обиколница
Следна статија
Павлидис С.А. Марбл-Гранит го презема Мермерниот комбинат од Прилеп

Од црквата кај „Сити мол“ остана само камен-темелникот

Објавено на 21.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ-Карпош, на денешната прес-конференција ги посочи неисполнетите ветувања на градоначалникот Стевчо Јакимовски за изградба на нови цркви во скопската општина Карпош. „На ова место, веднаш зад „Сити мол“, во 2015 година градоначалникот во заминување, Стевчо Јакимовски ја започна со градба и го постави камен-темелникот на долгонајавуваната црква „Христос Спасителот“. Иако оттогаш поминаа повеќе од 18 месеци, овде нема никаква градежна активност. Како што може да видите, позади нас има само шут и обрасната трева“ изјави Весковски. Социјалдемократите посочија дека не се изградени ниту ветените цркви во населбите Влае, Козле, Карпош 1 и Карпош 2.

 

 

Како реакција на ваквите обвинувања, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека се појавиле имотно-правни проблеми за земјиштето на кое е предвидено да се гради црквата кај „Сити мол“. Тој додава дека истите се надминати, така што објектот ќе продолжи да се гради. „Ктитор (главен финансиер) на оваа црква е господинот Зоран Антиќ, заедно со неговото семејство. Се разбира дека има и други финансиери, исто така и локалната самоуправа ќе учествува со финансиска помош, но како што нагласив, главен ктитор е Зоран Антиќ“ истакна Јакимовски. Првиот човек на општина Карпош рече дека предвидените цркви во населбите ќе се изградат во наредниот период.