Претходна статија
ЕЛЕМ со тендер за топлификација на Битола, владата укажува на непослушност
Следна статија
Град Скопје: Заврши пријавувањето за субвенции за купување велосипед

Хотелот во Лагадин продолжува да се гради, општина Охрид се правда

Објавено на 19.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ предупредува за продолжување на градежните работи околу изградбата на спорниот хотел во Лагадин. Тие предупредуваат дека изградбата на хотелот е незаконска, прекршувајќи на тој начин 13 закони, еден подзаконски акт и Уставот на Р.М. Од иницијативата велат дека на истакнатата табла кај објектот стои број на решение поништено од страна на општина Охрид уште на 15 март 2017 г. „Охрид SOS“ на 15 јуни поднел претставка до Инспекцискиот совет на Р.М., од каде добиле одговор дека градбата на објектот е повторно започната без никакво одобрение за градење.

 

* Извор на фотографии: Охрид SOS

 

Од граѓанската иницијатива бараат итно прекинување на сите градежни активности за изградба на хотелот и издавање на одобрение за отстранување на бесправно изградениот објект во Лагадин. Сопствениците на имоти во ова туристичко место веќе основаа здружение на граѓани за да се вклучат во разрешувањето на проблемот. „Против незаконското работење на општина Охрид поднесена е и кривична пријава“ велат од „Охрид SOS“. Инвеститорот на хотелскиот комплекс во Лагадин денеска не излезе со сопствена верзија околу овој проект.

 

 

Од општина Охрид реагираат на обвинувањата на граѓанската иницијатива. Локалните власти велат дека издаденото одобрение за градење е поништено од страна на Инспекцискиот совет со образложение дека инвеститорот ненавремено известил за отпочнување на градежните активности. „Општина Охрид, донесе решение за поништување на правосилноста на одобрението за градба на хотелот во Лагадин, на што инвеститорот со жалба, го обжали предметното решение до соодветната второстепена комисија при Министерството за транспорт и врски, од каде жалбата на инвеститорот е уважена, а предметот го врати на повторно одлучување“ се вели во соопштението на општина Охрид.