Претходна статија
До 1 ноември ќе биде пуштен во употреба автопатот Демир Капија - Смоквица
Следна статија
Изградбата на транспортната инфраструктура го одржува градежништвото на нозе

Американски „Адиент“ отвори фабрика во ТИРЗ Струмица

Објавено на 15.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Американската компанија „Адиент“ денеска ја отвори новата фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта во технолошко-индустриски развојната зона во Струмица. Индустрискиот објект се простира на површина од 12.500 метри квадратни и ќе произведува автомобилски навлаки за европскиот пазар. Во проектот се инвестирани повеќе од 20 милиони американски долари, а со новата фабрика ќе се отворат над 1.200 работни места. Градежните работи почнаа да се реализираат во текот на мај 2016 година.

 

* Извор на фотографии: Општина Струмица

 

На денешното отворање на фабриката присуствуваа македонскиот премиер Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли. „Инвестициите и се потребни на Македонија и поради тоа ќе посветиме големо внимание на развивањето поволна деловна клима во државата. Во тоа име, ги поздравувам сите државни службеници кои работеа досега и продолжуваат да работат на привлекување странски инвестиции како и овозможување на поволна клима, секако рамноправно и на домашните инвеститори“ истакна премиерот Заев.