Претходна статија
Легализацијата на дивоградбите заглави на половина
Следна статија
Со пари од државниот буџет ќе се реконструираат 10 училишта во земјава

Продолжува реконструкцијата на улиците во центарот на Куманово

Објавено на 12.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово го реализира проектот за реконструкција на улиците во централното градско подрачје. Деновиве се работи на санација на коловозот на улицата „Народна револуција“, а градежните работи во наредниот период ќе продолжат со булеварот „Октомвриска револуција“ на потегот од раскрсницата со улицата „Видео Смилевски Бато“ до „Митев мост“. Локалната самоуправа планира да ги реконструира и следниве улици: „Ѓорче Петров“, „100“ во населбата Карпош, „Тоде Тумба“ и „Тоде Мендол“.

 

*Извор на фотографија: Општина Куманово

 

Со проектот е предвидено да се санираат дел од кумановските улици со вкупна површина од над 50.000 метри квадратни. За реконструкцијата на патната инфраструктура во Куманово се издвоени околу 48 милиони денари од општинскиот буџет. „Со оваа динамика за месец и половина, најкасно со средината на август целосно ќе биде завршено она што беше планирано за оваа година“ вели кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски.