Претходна статија
„Актор“ вели дека нема криминал при изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица
Следна статија
Легализацијата на дивоградбите заглави на половина

Се гради атмосферска канализација на улицата Индира Ганди

Објавено на 11.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на општина Шуто Оризари Елвис Бајрам денеска извршија увид во градежните работи на новата атмосферска канализација што се гради по дел од улицата Индира Ганди во населбата Шуто Оризари. „Со капиталниот проект за изградба на атмосферска канализација по дел од улицата Индира Ганди ќе се реши еден од акутните проблеми со кои се соочуваа жителите на Шуто Оризари со одведувањето на дождовницата и поплавувањето на оваа улица и при најмали врнежи од дожд“ вели градоначалникот Трајановски.

 

 

Со зафатот се прави ископ и се гради атмосферска мрежа со должина од 942 метри и со полипропиленски цевки со профил од 400, 600 и 800 милиметри. Цевките од канализацијата се веќе поставени, а во наредните денови ќе се работи на формирање на сливниците. Со проектот ќе се санира и коловозот на улицата Индира Ганди. Изведувач на работите е ДГТТУ „ЈУ БАЈ 2 АМЕТ“ за сума од 13,7 милиони денари, а рокот за реализација е еден месец.