Претходна статија
Во Македонија лани биле регистрирани 1.037 дивоградби
Следна статија
Грчки „Актор“ обвинет за перење на пари за автопатот Демир Капија - Смоквица

Одложена изградбата на првата катна гаража во Охрид

Објавено на 08.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) ја поништи постапката за избор на фирма што ќе ја изработи проектната документација за катната гаража планирана да се гради кај Центарот за култура „Глигор Прличев“ во центарот на Охрид. До АДСДП не била доставена ниту една соодветна понуда за изработка на проектната документација. По неуспешниот обид за комплетирање на постапката, од АДСДП во наредниот период ќе треба да објават нов оглас за пронаоѓање на проектантска куќа за првата катна гаража во Охрид.

 

 

Гаражниот бјект треба да се гради врз основа на победничкото идејно решение изработено од „Радиус Архитекти“ од Скопје, кои ја освоија првата награда на архитектонскиот Конкурс реализиран во февруари годинава. Катната гаража кај Центарот за култура „Глигор Прличев“ ќе има приземје и четири ката и ќе се простира на површина од 4.500 метри квадратни. Претходната извршна власт предводена од партијата ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека изградбата на објектот ќе започне во текот на 2017 година.