Претходна статија
Заврши првата фаза од изградбата на новиот Турски театар
Следна статија
„Барокниот“ објект на АДСДП ќе биде готов до крајот на годинава

Министерството за транспорт и врски поддржува изградба на катна гаража кај „Автомакедонија“

Објавено на 29.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за транспорт и врски не се откажува од изградбата на „барокната“ катна гаража кај „Автомакедонија“ во центарот на Скопје. Раководството во заминување денеска испрати реакција до медиумите по барањето на Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) за поништување на купопродажниот договор за парцелата лоцирана до Музејот на град Скопје. „Сметаме дека со изградбата на посочената катна гаража ќе се овозможи дополнителен број на паркинг места што директно ќе овозможи намалување на сообраќајниот метеж во овој дел на Скопје“ се вели во испратената реакција.

 

 

Од министерството тврдат дека продажбата на земјиштето во 2012 година е направена врз основа на транспарентна и законска постапка. Тие посочуваат дека маркичката за новиот објект е вцртана во урбанистички план усвоен од Советот на општина Центар. Поаѓајќи од ваквата намена на земјиштето, министерството ја спровело постапката за отуѓување на градежното земјиште со површина од 1.245 метри квадратни. „Бројот на паркинг места во централното градско подрачје е повеќе од неопходно да се зголеми, а еден од начините е преку политиките за изградба на катни гаражи“ велат од министерството.

 

Реакцијата на Министерството за транспорт и врски доаѓа по петочното барање на Паркинзи на општина Центар за укинување на купопродажниот договор за земјиштето на кое е предвидено да се гради „барокната“ катна гаража. „Поднесовме барање за конечно раскинување на сите спорни договори за катната гаража на „Никофон“, побаравме да се поништат одобренијата за градба, земјиштето да се врати во сопственост на Република Македонија и да се користи како паркинг за жителите“ изјави Саша Богдановиќ, директор на (ПОЦ).