Претходна статија
Владата во заминување се пофали со луксузниот ентериер на „Це-Ка“
Следна статија
Заврши реконструкцијата на патот Битола - Ресен - Буково

Рекреативна патека се гради околу Преспанското езеро

Објавено на 25.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Преспанското езеро пред почетокот на претстојната туристичка сезона ќе добие нова рекреативна патека. Министерството за транспорт и врски ја привршува изградбата на пешачката патека во должина од околу пет километри. Од државниот буџет за овој градежен зафат се издвоени 54,3 милиони денари. Градежните работи на терен ги изведува фирмата „Карпош“ АД од Скопје. Изведбата на проектот започна минатото лето, а проектот се најавуваше за реализација уште од 2010 година.

 

* извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски

 

Изградбата на пешачката патека околу Преспанското езеро е дел од проектот за изведба на нови инфраструктурни објекти околу природните и вештачките езера низ земјава што ќе ја збогатат туристичката понуда на локалитетите.