Претходна статија
Зделките за кинеските автопати го оштетиле буџетот за фантастични 155 милиони евра
Следна статија
Од 1 јуни повторно ќе сообраќа експресниот воз за Белград и Солун

Започната изградбата на експресниот пат Штип – Кочани

Објавено на 22.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Започна изградбата на експресниот пат Штип – Кочани во должина од 28 километри. Во изминатиов период се врши пробивање на новата траса, која ќе означува изведба на целосно нова делница што ќе ги поврзува овие два града од источниот дел на Македонија. Нашата земја за изградба на овој пат пред две години подигна кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 53 милиони евра. Проценките на Јавното претпријатие за државни патишта и на Министерството за транспорт и врски се дека потребните средства за реализација на експресниот пат се во висина до 40 милиони евра.

 

Новиот експресен пат Штип – Кочани ќе има четири коловозни ленти со вкупна широчина од 12 метри. Долж трасата е предвидено да се изградат 10 мостови и надпатници. Градежниот институт „Македонија“ е изработувач на проектната документација за планираната траса на патот. Очекувањата се дека градежните работи за изведба на експресниот пат ќе се завршат во рок од две години. Јавното претпријатие за државни патишта го објави тендерот за избор на изведувач на почетокот од февруари годинава.