Градежната компанија „Гранит“ од Скопје во првиот квартал од годинава остварила добивка од 12.669.000 денари. Сепак, позитивното финансиско работење е намалено за 8% во однос на истиот овој период лани, покажуваат податоците од Македонската берза. Намалениот профит е последица на зголемените расходи во првите три месеци од 2017 година. Оперативните расходи на компанијата изнесувале 999.025.000 денари и истите биле зголемени за 46% во периодот јануари-март 2017 година.
Неконсолидираниот и неревидиран извештај за работењето покажува дека оперативните приходи на „Гранит“ од Скопје изнесувале 1.014.716.000 денари, односно за 38% повеќе во однос на истиот период од 2016 година. Оваа градежна фирма минатата година ја завршила со пораст на добивката од 6%.