Паднала добивката на градежната фирма „Бетон“ од Скопје во првиот квартал од 2017 година. Овој гигант од градежниот сектор во периодот јануари-март остварил позитивен финансиски резултат во висина од 2.905.586 денари. Намалената добивка на компанијата е постигната првенствено поради падот во приходите. Остварените вкупни приходи во овој период изнесуваат 269.793.289 денари и истите се намалени во споредба со приходите остварени во истиот период лани.
Вкупните расходи во периодот јануари-март 2017 година биле заокружени на 266.887.703 денари и се намалени во изминатиов период поради намалените работни активности. Во првите три месеци се регистрирани дополнителни 20 нови вработувања во скопски „Бетон“.