Претходна статија
Пивара Скопје и Кока Кола донираа паркиралишта за велосипеди за Скопје
Следна статија
Ќе се проширува градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче

И во Дојран ќе се одржи референдум за рудникот во Казандол

Објавено на 12.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Советот на општина Дојран денеска едногласно ја поддржа граѓанската иницијатива за одржување на референдум за рудникот за бакар во Казандол. Општинскиот референдум ќе се одржи на 11 јуни и на него ќе може да учествуваат сите полнолетни граѓани запишани во Избирачкиот список. Покрај за Казандол, граѓаните на референдумското изјаснување ќе се изјаснуваат и за сите други рудници што би можеле во иднина да се отворат на територијата на нивната општина. Како што беше напоменато од советниците на денешната седница, заштитата од евентуално загадување на Дојранското езеро е најважен приоритет за локалната самоуправа.

 

 

Одлуката на советниците за одржување на референдум во Општина Дојран доаѓа само една недела по идентичниот потег што беше преземен од советниците во Општина Богданци. Рудникот за бакар во Казандол најголемо внимание предизвикува во валандовската општина, на чија територија ќе се простира најголем од него. Претседателката на Советот на општина Валандово не се произнесе во законскиот рок од три дена за одржување на референдум, иако од иницијативата „Спас за Валандово“ беа уредно доставени неопходните потписи. Ако не се донесе одлука за референдум од општинскиот совет, граѓаните од Валандово предупредуваат дека ќе преземат радикални мерки во наредниот период.