Претходна статија
Во Богданци ќе се одржи референдум за рудникот во Казандол
Следна статија
Чистењето на коритото на Вардар од „Скопје 2014“ ќе чини 23,6 милиони денари

4,8 милиони евра за реконструкција на неколку регионални патишта

Објавено на 04.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јавното претпријатие за државни патишта склучило неколку договори во вредност од над 4,8 милиони евра за реконструкција на единаесет регионални патишта во земјава. Договорите се склучени кон крајот на април годинава и ги вклучуваат фирмите „Ескаватори-МК“, „Бетон“ од Скопје, „Жикол“ од Струмица, “Илинден“ од Струга, „Гранит“ од Скопје и австриски „Штрабаг АГ“. Проектот вреден 300 милиони денари е во рамките на годишната програма за 2017 година претставена од Министерството за транспорт и врски во текот на февруари.

 

 

Во 2017 година е предвидено да се реконструираат 37 регионални патишта, од кои Јавното претпријатие за државни патишта се јавува како инвеститор на единаесет патни правци. Останатите делници е предвидено да ги санира Македонија пат преку инвестиција од околу 4 милиони евра.