Претходна статија
Започна аплицирањето за проектот „Цел Центар на точак“
Следна статија
Во Богданци ќе се одржи референдум за рудникот во Казандол

Ќе се почека на довршување на киното „Манаки“ во Битола

Објавено на 04.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Неуспешен обид за целосно довршување и пуштање во функција на долгонајавуваното кино „Манаки“ во Битола. Општинските власти ја поништија постапката за избор на изведувач на ентериерот во зданието изградено на Широк Сокак. „Поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган“ се наведува во образложението. Општина Битола во наредниот период ќе треба да распише нов тендер за внатрешното уредување на киното „Манаки“, но и да го доврши зафатот за партерно уредување на околниот простор.

 

 

За пуштање во употреба на киното „Манаки“ е проценето дека ќе бидат неопходни околу 10 милиони денари. За објектот со површина од 378 метри квадратни веќе се потрошија околу 30 милиони денари од општинскиот буџет. Иако станува збор за здание со минорна површина, истото се гради повеќе од пет години. Киното „Манаки“ е предвидено да има сала за проекции со капацитет од 150 седишта и музејска просторија со постојана збирка.