Претходна статија
Наскоро реконструкција на патот од Ропалце до Липково
Следна статија
Започна аплицирањето за проектот „Цел Центар на точак“

Во Зрновци ќе се гради регионален етно парк

Објавено на 03.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Регионален етно парк со занимлива понуда за посетителите ќе се гради во општина Зрновци. Центарот за развој на Источниот плански регион денеска објави тендер за изведувач што ќе ја гради првата фаза од овој туристички комплекс. Со проектот е предвидено да се заштити културното и етнолошкото богатство по течението на Зрновска река. Проектот беше промовиран на почетокот од годинава. За реализација на првата фаза се потребни 2,6 милиони денари.

 

* Зрновска река

 

Од општина Зрновци очекуваат дека проектот ќе се комплетира во текот на 2017 година. „Етно паркот ќе го отсликува минатото на нашиот крај и ќе содржи повеќе елементи, подзаборавени содржини и исчезнати предмети како што се фурна за печење леб, казан за печење ракија, бунар, чеза и коњска кола, автентични за овој крај“ изјави неодамна градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.