Грчката компанија „Веропулос“ викендов ќе го отвори новиот „Веро маркет“ и продавница „Џамбо“ во Тетово. Комерцијалниот објект има површина од 2.600 метри квадратни и со сопствен паркинг за посетителите. Вкупната инвестиција во проектот е над 2 милиони евра, а во двете продавници ќе се вработат околу 100 лица. Од компанијата информираат дека во изминативе години имаат отворено 11 маркети низ земјава и три продавници од ланецот „Џамбо“. Во склоп на нивното работење функционира „Веро центарот“ во Скопје, но и франшизата за ресторанот за брза храна „Гудис“.
По отворањето на новиот објект во Тетово, од „Веропулос“ информираат дека годинава планираат да комплетираат и други инвестиции. „Имаме планови за интензивна експанзија, при што планираме до крајот на 2017 година да отвориме три или четири нови „Веро маркети“ изјави Лукас Бисиас, генерален менаџер на „Веро маркети“.