Претходна статија
Во Валандово нема да има референдум за рудникот за бакар во Казандол
Следна статија
Автопатот од Гевгелија до Табановце доби нова патна сигнализација

Бројот на места за паркирање во земјава лани зголемен за 9,5%

Објавено на 27.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Нови паркиралишта и гаражи се градат низ македонските градови. Бројот на паркинг места од година во година расте, а само лани истиот бил зголемен за 9,5% во споредба со 2015 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на објекти за паркирање во текот на 2016 година пораснал на 254, со вкупна површина од 701.194 метри квадратни. За паркирање на возилата низ градовите во земјава се обезбедени 24.743 места за паркирање на отворен простор, 3.905 места за паркирање во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 4.966 места за паркирање.

 

 

Вкупната бројка на паркиралишта и гаражи пораснала за 1,2%. Одвоените места за паркирање во катните гаражи се зголемиле за 1,6%, додека во катните гаражи оваа бројка е зголемена за 2,5%. За лицата со посебни потреби во сите објекти за паркирање во земјава биле достапни 616 места за паркирање.